https://www.facebook.com/photo.php?fbid=466228995517518&set=pb.100063912635864.-2207520000..&type=3

29.11.2022 Скопје

Министерството за образование и наука соопшти дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика.

Како што информираат од Министерството за образование и наука, веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика, на македонски наставен јазик и учебниците по турски јазик за четврто и петто одделение, на турски наставен јазик. Испораката на учебниците по вториот и третиот договор ќе се одвива оваа работна недела.

Станува збор за 18 учебници. На македонски наставен јазик: македонски јазик за прво и за второ одделение, математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и за четврто одделение, историја и општество за четврто и за петто одделение. На турски наставен јазик: учебник за турски јазик за прво и второ одделение. На албански наставен јазик: учебник по математика за четврто одделение и учебници по албански јазик за второ, четврто и петто одделение, додека пак на српски наставен јазик: учебници по српски јазик за второ, четврто и за петто одделение, и учебник по математика за четврто одделение.

Веднаш потоа почнува испораката и на учебниците по четвртиот договор, и тоа учебник по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик.

Министерството за образование и наука информира дека новите учебници ќе бидат достапни и на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.e-ucebnici.mon.gov.mk. Од Министерството апелираат родителите да не прават беспотребни трошоци и да ги копираат учебниците, бидејќи печатените учебници ќе бидат достапни за секој ученик бесплатно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *