14.11.2022 Скопје
Ислам Абази, официјално од Советот на Јавни Обвинители денес на 70-та седница, е именуван шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Љубомир Јолевски, со уште неколку члена на Советот на ЈО, Иџет Мемети, Арбер Исаку и Коле Штерјев, ја посочија досегашната работа на Абази како шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар, во чиј мандат биле расчистени сите застарени предмети и посочија дека е добар показател за новите менаџерски капацитети.
Од вкупно 163 јавни обвинители од Република Северна Македонија, петмина не гласале, а четири гласачки ливчиња биле неважечки, а по прв пат после измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66, основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во земјава.
Абази на прес-конференција изјави дека работата во ова Јавно обвинителство ја гледа како предизвик и смета дека ќе го претставува ОЈО ГОКК со своето досегашно искуство и професионално и законито работење, и им се заблагодари на своите колеги за укажаната доверба ветувајќи дека негов приоритет ќе биде пополнување на празните обвинителски места и на слободните места во истражниот центар и воведување дигитализација во Јавното обвинителство.
Откако заврши именувањето на Абази, претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски ја прекина 70-та седница, за да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите за кои треба допрва да се одлучува.
На оваа седница исто така на дневен ред е и изборот на виш јавен обвинител во вишите јавни обвинителства во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Гостивар, ОЈО Велес, ОЈО Куманово и ОЈО Кавадарци.
Подготвено од М.Н.