https://www.facebook.com/photo/?fbid=520696156737606&set=bc.AbplNR_1JSWYpbg0X2KpPjS2QKRSJGCj1ssM6OE65GDOKCFC-ZI5KfES8V3uI7wUoZiW8q3QA2CIFVowJXUo3Ex98XlFILDYtPkMecJNh69BAiu6foi-bADHzOPkLLLqcwAbu0aSuc-9AMMkWKUo-A0r&opaqueCursor=Abq8m4X908uchz0q3fjSQgvQPuSJBpm5n4FZJEhaj0azA2Lkz6lulrZe7iG8dXWbJ7_Gs5rEL6j6Q5Cu5JkELhsGazCQyRrodnybvy7F8WAGnexAYWPEHxjWMzTdz7UrpG6BQBc1b9iXYodj-UQr-jxxZZuvmuICIe5GUOvW73aqK5ZHuNTjFruFXiq7Bv6peaEqlf2IxklKrMu_jSGfYo1Ji8QkIB_uIvnd-d7xDiBxdpeZLY_MpT7xikfHnmZMeJpuGk0E1OTwTIlXe92SbNGACUE2hkrsx_ZlgpLM6rTezLpxw5U8qoyR43pw1aTyRy5S1QCjMwkTWeLJJD0j5VPB8aMlbvGxV1T2g8rKmuyBdI62dps_ebeHoQ3fdfy_tJ_ScQa1fOi5G3d9BnB50ShMttCiGUiWDaTJ7m2E_yfinIW47Evw9HarjiXKTEhSOWGCQoEdvmwpAdSVItITpMc2z9t9NXWHBqAVB531cDlv0Nlsmx3X8iOZ_emgvE5BzTJOKRy9RUAKEY0vvwo-1ZuiTxIF4lZZsAAgba7WVBGtagCwJjIiYmo1KX0QSOVNqaB0IgN7983YiipDvhe9p0vJdXcZnzm6O4Ov62McJkCNyLxacVK4E72cGA4GHLa6WEsNRcuoOBQ7h53A3j0FJ4QAbd9CPpkWxcgiP83CYRe3jA

05.11.2022 Скопје

Денеска по првпат, Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан призна дека неговата земја и дала дронови на Русија, но истакна дека тие и биле предадени на Москва пред почетокот на војната со Украина, во која беспилотни летала од иранско производство го бомбардираа Киев.

Коментарите на министерот за надворешни работи дојдоа по неколкумесечни збунувачки пораки од Иран за испорака на оружје, додека Русија користеше беспилотни летала за да ги нападне украинската енергетска инфраструктура и цивилните цели.

Амир Абдолахијан, по состанокот во Техеран, изјави дека и дале ограничен број беспилотни летала на Русија месеци пред војната во Украина.

Претходно, иранските власти ги негираа тврдењата дека Техеран ја снабдува Русија со оружје за нејзината војна против Украина.

Претходно оваа недела, иранскиот амбасадор во Обединетите нации ги нарече обвинувањата „целосно неосновани” и го повтори ставот на Иран дека одржува неутралност во војната.

САД и нивните западни сојузници во Советот за безбедност го повикаа генералниот секретар Антонио Гутереш да испита дали Русија користела ирански беспилотни летала за да напаѓа цивили во Украина.

Признавајќи ја испораката, Амир Абдолахијан истакна дека Иран не забележал никаква употреба на нивните беспилотни летала во Украина. Воедно, посочи дека Иран останува посветен на ставање крај на конфликтот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author