10.11.2022 Скопје
Воздушните сили на Иран тврдат дека ја имаат произведено првата хиперсонична балистичка ракета која е оспособена да ги пробие сите софистицирани системи за противвоздушна одбрана.
Оваа вест ја потврди и командантот Амир Али Хеџизадех, и истакна дека балистичката ракета достигнува огромна брзина и може да лета над и под Земјината атмосвера, и додаде дека ќе требаат децении за да биде пронајдена некаква технологија која ќе може да и се спротивстави на оваа ракета.
Хаџизадех нагласи дека новата ракета е создадена за да ги уништи непријателските противракетни системи, и според него ова оружје е голем скок во производството на ракети.
Хиперсоничните ракети спаѓаат меѓу најмоќните оружја во целиот свет, тие имаат способност да погодат цели на било кое растојание на Земјата само во рок од еден час и да ја сменат целата траекторија во својот лет до целта.
Во моментот со такво оружје располагаат САД, Кина и Русија а единствено го има користено Русија во војната против Украина.
Подготвено од М.Н.