24.11.2022 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, федералната Влада на Ирак соопшти дека заедно со Владата на Ирачки Курдистан и вооружените сили на автономниот регион ќе изготви план за распоредување на ирачки граничари на границата со Иран и со Турција.
Плановите за распоредување на ирачки граничари првенствено се насочени кон Иран, чии сили изминатите денови бомбардираа цели на иранските курдски опозициски организации со седиште во северниот дел на Ирак.
Во моментов, пограничните области на Ирачки Курдистан се контролирани од вооружените сили на автономниот регион, кои сепак се подредени на Министерството за одбрана во Багдад.
Подготвено од А.Ѓ.