11.11.2022 Скопје
Есенскиот извештај на Европската комисија за состојбата на економиите во членките на ЕУ предвидува влошување на ситуацијата.
Според извештајот на Европската комисија, се очекува инфлацијата уште да се зголемува во наредните месеци, по што би требало да почне да се намалува.
Пикот на инфлацијата ќе биде на крајот на годината и стапката се очекува да достигне 9,3 отсто во ЕУ и 8,5 отсто во еврозоната.
Од 2023 година инфлацијата би требало да почне да опаѓа, но умерено, на седум отсто во ЕУ и 6,1 отсто во еврозоната. Во 2024 година се очекува да биде три отсто за ЕУ и 2,6 отсто за еврозоната.
Економската комисија за економскиот раст наведува дека и покрај подобрувањето во првата половина од оваа година, се очекува ерозија на куповната моќ во ЕУ и построги услови за финансирање што ги турка повеќе земји на ЕУ кон рецесија во последниот квартал од оваа година.
Сепак добрите резултати од почетокот на годината треба да овозможат раст на реалниот БДП на 3,3 отсто во ЕУ и 3,2 отсто во еврозоната, што е поголема бројка од прогнозите на Комисијата летово.
Подготвено од А.Ѓ.