https://www.facebook.com/narodnatabanka/photos/2895764630729210

16.11.2022 Скопје

Народната Банка на Република Северна Македонија, соопшти дека годишната стапка на инфлацијата во месец октомври достигна 19,8%.

Со определени мерки се очекува да се зголемат денарските резерви во банките, што пак ќе значи дека преку повисоки камати да се стимулира штедењето во денари.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика одлучено е каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,75 п.п. до нивото од 4,25%. Согласно со зголемувањето на основната каматна стапка, зголемени се и каматните стапки на кредитите.

Советот на Народната банка донесе одлука за промена на стапките на задолжителна резерва на банките, заради натамошно стимулирање на штедењето во домашна валута, и се очекува дека со мерката ќе се засилат започнатите промени во каматната политика на банките и дека банките ќе понудат поповолни камати за сите категории денарски депозити, придонесувајќи за посилен раст на штедењето во домашна валута.

Промените во поставеноста на политиката на Народната банка се реакција на зголемените ценовни притисоци од граѓаните во државата, инфлацијата во последните месеци забрза, за што растот на цените на храната има најголем и растечки придонес.

За ова придонесува и неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, која што е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија, и во услови на натамошни поумерени притисоци од енергетската криза и прилив на девизи од менувачкиот пазар, домашниот девизен пазар и натаму е стабилен.

Народната банка и во текот на октомври интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар, а девизните резерви од јули наваму бележат постојан раст, при што нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди.

Народна Банка во соопштението наведува дека внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците како и досега, И централната банка е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и на среднорочната ценовна стабилност.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *