16.11.2022 Скопје
Заводот за национална статистика објави дека индексот на потрошувачките цени достигна 11,1 отсто во октомври и сега е на највисоко ниво од 1981 година.
Инфлацијата во Британија го достигна највисокото ниво во последните 40 години поради зголемените цени на енергијата, храната и транспортот.
Сметките за гориво сега дополнително се зголемија, и покрај тоа што владата ги замрзна цените на енергијата поради енергетската криза предизвикана од инвазијата на Украина. Бројката за октомври ги надмина очекувањата на пазарот од 10,7 отсто и беше повисока од највисоката прогноза на Банката на Англија.
Главниот економист на Заводот за национална статистика, Грант Фицнер, истакна дека порастот на цените на гасот и електричната енергија ја турна инфлацијата на највисоко ниво во последните 40 години, и покрај тоа што владата ги има ограничено цените на енергијата.
Заводот за национална статистика соопшти дека во текот на минатата година, бензинот поскапе за 130 отсто, а струјата за 66 отсто. На инфлацијата влијаеше и растот на цените на храната и транспортот.
Инфлацијата расте се повеќе и повеќе и покрај енергетската поддршка на Британија, која се обиде да ги ограничи годишните сметки за енергија на просечни 2.500 британски фунти годишно.
Подготвено од А.Ѓ.