16.11.2022 Скопје
Индексите на берзите во Азија паднаа поради геополитичките тензии, откако проектили паднаа во полско село.
Индексот MСЦИ на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,6 отсто. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 0,15 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Шангај и Хонг Конг се лизнаа меѓу 0,3 отсто и 1 отсто.
Азиските берзи се во состојба на готовност бидејќи ги следат пораките од најголемите земји во светот во врска со експлозиите во Пржеводов.
Веста за тој инцидент ги натера инвеститорите на светските берзи да бидат претпазливи, па повеќето берзански индекси се во минус.
Подготвено од А.Ѓ.