https://www.flickr.com/photos/bokeron87/6786847302/in/photolist-bkJnfE-2mapa3Y-2m96Qm3-7DJfdb-2jidiph-7mBuX9-2mWMSZ2-2mWKXMG-2nFg9jL-2nmLgti-egy5Sb-2mWMSQV-2k7WmL1-a3Jv4c-2kwhbWd-2nSqAzb-NjMWTf-2j12xjR-2nCW5w3-2nDSmc6-5aPqzk-2j5Bgfa-VNtyXo-dZS2s6-2gKbPtb-2mTHo1m-2mWRUie-2n4QDRQ-qXNuZU-dQ7HRu-2k4Abob-2j5FrqM-2n3S5Dv-2g6sEkZ-2idgKwU-h7daEM-4jC7ub-DrQwcb-2nDP9UR-4RbCex-2nU6YmN-6MNLCd-NWpk9h-77Nbst-79qTDQ-CBqn7-7RHsTm-6PnjXm-2niy1VJ-2k8aokw

02.11.2022 Скопје

Кога би сакале да ја избереме најзапоставената марка во рамките на Фолксваген Груп, тоа најверојатно ќе биде Сеат, па не е чудно што иднината на шпанската компанија се доведува во прашање.

И покрај тоа, шефот на Фолксваген смета дека Сеат има перспектива.

Неодамна беше забележан успех со лансирањето на брендот Купра, а паралелно понудата беше проширена и со кросовер модели, па шпанскиот бренд привлече помлада клиентела и влезе во помирен период.

Првиот човек на Фолксваген, Томас Шафер, изјави дека нема да го убиат Сеат. Воедно, додаде дека шпанскиот бренд е сигурно безбеден до 2028 или 2029 година, истакнувајќи дека тој игра важна улога во Европа, особено во Шпанија, Велика Британија и Австрија.

Шафер не крие дека иднината ја гледа во Купра, која значително побрзо ќе се движи по патот на електрификацијата.

Шпанскиот бренд Сеат сега е во непријатна ситуација. Ако опстане како масовен производител на автомобили, ќе се натпреварува со Шкода.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author