https://www.facebook.com/photo.php?fbid=586954859453319&set=pb.100044164309677.-2207520000.&type=3

18.11.2022 Скопје

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека на јавна расправа ќе биде испратен Закон за дополнителен данок на добивка во државата.

Пленковиќ истакна дека ваквиот вид на данок би бил солидарен придонес, а тоа значи дека оние кои имаат повеќе, ќе им помогнат на оние кои имаат помалку.

Министерот за финансии, Марко Приморац, на прес-конференција ги изложи деталите на предложениот закон, наведувајќи дека тој данок пред сè е наменет за редистрибуција на профитот на даночните обврзници кои ќе остварат значително поголеми нивоа на добивка во однос на четиригодишниот просек.

Приморац додатно истакна дека во хрватскиот даночен систем за добивката веќе постојат две стапки, а со новиот данок во оваа кризна ситуација се додава само уште една стапка на постоечките.

Значи, доколку оние чиј приход е поголем од 300 милиони куни, ќе плаќаат данок со екстра профит и тие ќе имаат стапка од 18 отсто данок на добивка, и дополнителен данок кој ќе зависи од нивото на профит во 2022, изјави министерот Приморац, и дообјасни дека, доколку некому добивката во 2022 му била, на пример, 50 отсто поголема во однос на четиригодишниот просек, неговата ефективна стапка на данок на добивка би била 24 отсто, а на оној чија добивка пораснала 100 отсто во однос на последните четири години, ефективната даночна стапка би била 30 отсто.

Подготвено од М.Н.

About Author