30.11.2022 Скопје
Шведскиот моден бренд H&М, популарен и во Република Северна Македонија, денеска објави дека ќе ја намали глобалната работна сила за околу 1.500 работни места, како дел од планот за намалување на трошоците и подобрување на ефикасноста.
Компанијата со седиште во Шведска соопшти дека трошоците за реструктуирање од 76 милиони долари ќе бидат запишани во финансискиот извештај за последните три месеци од оваа година, пренесува српски Танјуг. Се проценува дека намалувањето на персоналот ќе обезбеди годишни заштеди од околу 190 милиони долари.
Главниот извршен директор Хелена Хелмерсон истакна дека H&М е многу свесен за фактот дека колегите ќе бидат погодени од оваа одлука и дека компанијата ќе ги поддржи во изнаоѓање на најдоброто можно решение во нивните следни чекори.
Модниот бренд е основан во Шведска во 1947 година, има околу 4.664 продавници на 77 пазари и има 57 онлајн продавници.
Подготвено од А.Ѓ.