himna svetsko prvenstvo

19.11.2022 Скопје

Химната на Светското првенство во фудбал под назив „Tukoh Taka“, во изведба на американската раперка Ники Минаж, либанската пејачка и актерка Миријам Ферс и колумбискиот пејач Малума, е објавена на официјалниот јутјуб-канал на ФИФА.

Песната „Tukoh Taka“ влезе во историјата, бидејќи за првпат во историјата на првенствата е отпеана на три јазици: англиски, арапски и шпански.

Песната е многу ритмичка, што е и очекувано кога станува збор за вакви настани, па акцентот за нијанси е на музиката, наместо на текстот, но оваа соработка е совршен спој на талентите на Ники Минаж, Малума и Миријам Ферс, и самата песна зборува за обединување на обожавателите ширум светот и славење на различностите.

Инаку, Малума е колумбиски пејач, актер и текстописец од Медељин кој е многу популарен во латинските земји. Миријам е либанска пејачка и актерка која е многу популарна во арапските земји, а Ники Минаж е американска раперка по потекло од Тринидад.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author