13.11.2022 Скопје
Жоро Пенчев кој е експерт за дигитални технологии и опшествени науки, изјави дека хакерството и лажните вести се современи црни искуства.
Кога секојдневно сите ја користиме технологијата, не секогаш сфаќаме дека подлегнуваме на „темната“ страна, истакна Жоро Пенчев, кој е и претставник на списанието за фанстастита и футурологија „ShadowDance“, и нагласи дека ова важи не само за хакерски напади, туку и за лажни вести на веб дезинформации, кои дозволуваат различни видови манипулации.
Пенчев исто така истакна дека кибер насилството, особено меѓу децата, станува сериозна опасност, младинската психа во релативно токсична интернет средина може да биде оптоварена долгорочно, смета тој и според него, огромен проблем е тоа што кибер насилството се случува многу брзо и тешко е да се реагира против него.
Според Пенчев, проблем за земјата е што се уште нема доволно механизми за помош на настраданите, постојат класични телефонски линии на кои луѓето се подготвени да дадат поддршка, но и институциите државни и локални треба да бидат вклучат во овој проблем.
На земјата сè уште и недостига институционален капацитет за да ги обучи младите за безбеден интернет, истакна Пенчев,и според него добро е што постојат организации кои се занимаваат со овој проблем, но тие не можат да допрат до сите млади истовремено.
Подготвено од М.Н.