https://www.flickr.com/photos/187587141@N04/52025712236/in/photolist-2ngknGy-2nnpjDA-2kDKUvD-2nGxfgd-2nnJddT-2n6e3wZ-2m9rWMQ-2ngDT48-2jtFMRN-2nficjD-2kDzzKY-2nG9X5z-2m1kmaf-2kZUMao-2nA8LHM-yy9ruu-2m1P94R-2kr1gUS-yzviiN-yzvhGY-yiWUoa-yzvi37-yiWTQX-yiS92w-yy9rwy-yy9rro-2mK1mPM-2mj2ra9-2nn9TbM-6DJRfc-2kEPDi1-Nt6q8j-LNdz9B-2nmYee8-c8WBWG-2mjc1Gj-2mgKcnE-2mXmSk2-tq3q4Y-9epP-2m12EzP-2noxZJD-2ni5wRt-2npayqc-2n4U9Wp-hMoLVq-aRS3f6-2nmAd5R-NKmpVS-2nj66gc

23.11.2022 Скопје

Веб-страницата на Европскиот парламент е под хакерски напад откако денес се гласаше за резолуција со која Русија е прогласена за држава „спонзор на тероризмот”, поради војната против Украина и уништувањето на цивилната инфраструктура на земјата.

Парламентот на Европската унија, денес ги обвини руските сили за злосторства за време на војната против Украина.

Потегот на Европските пратеници е симболичен политички чекор без никакви правни последици. Веб-страницата на Европскиот Парламент во моментов е „под напад однадвор”, и тимовите на парламентот работат на брзо решавање на овој проблем.

Подготвено од М.Н.

About Author