https://www.flickr.com/photos/microsiervos/27476653873/in/photolist-HS22VB-BZNC6c-FMjaiJ-JBbpWY-yc8Evx-KLiQv5-hictDu-ko3psr-266G5KG-216HY9Z-24Rge5X-FLCZ9W-fCjJvy-FEkmXg-AJ5B2m-K3QP2j-29bsYk9-pRCMxg-JxnQiR-FvKxQD-fZK8NZ-HxfBEc-HHZKot-AnJeg4-WCAkby-zySAsn-GUJMoK-2jr3tWM-PmbBUp-2emUy39-GRHQS9-TBZTVV-etgWXf-HxfCdM-HxfB9n-PL9CvJ-FZjzQt-JmRZUX-Aq3mhH-PJr66W-WhTGYr-FZeesL-HJ48G1-GSUb2p-VKpjLa-X7h5Zs-HfnnuP-24rF3Mh-rPLnon-nds8XC

27.11.2022 Скопје

Ако користите „Ватсап”, вашите податоци би можеле да бидат на продажба, хакерите ги продаваат податоците, 7.000 долари за американски податоци, 2.500 долари за британски податоци.

Повеќе извори соопштуваат дека ова е потврдена информација, а доколку е навистина така, би можело да биде едно од најголемите протекувања на податоци досега.

Базата на податоци што е на продажба содржи мобилни броеви на корисници на „Ватсап” од 84 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Египет, Италија, Саудиска Арабија, па дури и Индија. Според објавените податоци, содржи повеќе од 32 милиони американски броеви, 45 милиони од Египет, 35 милиони од Италија, 29 милиони од Саудиска Арабија, 20 милиони од Франција и 20 милиони од Турција. Базата на податоци наводно содржи речиси 10 милиони руски телефонски броеви.

Од „ТекРадар” соопштија дека се обратиле до Мета за да ја потврдат автентичноста на тврдењата и за дополнителен коментар но засега сеуште немаат одговор, и поради тоа на корисниците на „Ватсап“ им се препорачува да се воздржат од повици и пораки од непознати броеви.

Подготвено од М.Н.

About Author