10.11.2022 Скопје
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на „историски пакт“ меѓу развиените и економиите во развој, додека се водат преговорите на КОП27, за соработка, и истакна дека доколку земјите не соработуваат меѓусебно, едноставно ќе исчезнат.
Гутереш истакна дека пактот останува единствена надеж за исполнување на климатските цели и дека човештвото ќе има избор или да соработува или пак повеќе да не постои.
Според Гутереш, има потреба од пакт во кој сите земји ќе вложат дополнителни напори за намалување на емисиите, односно климатска солидарност оваа деценија во согласност со целта од 1,5 степен.
Оваа солидарност ќе мора да се преточи во финансиска обврска, особено кога станува збор за сиромашните земји, и за ова финансиско прашање ќе се дебатира на КОП27.
Оваа дебата доаѓа откако поголеми и поалармантни се условите за климатските природни катастрофи, односно историските поплави во Пакистан, суша и закани од глад во Африка и рекордно топлото лето оваа година во Европа.
Подготвено од М.Н.