https://www.facebook.com/photo?fbid=694433238706457&set=pcb.694435388706242

(Dimitris Papamitsos / Greek Prime Minister's Office)

03.11.2022 Скопје

По завршувањето на Самитот за Западен Балкан во Берлин, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис истакна дека Грција секогаш има амбиција да игра водечка улога во регионот, а особено во време кога прашањата за енергетската безбедност се појавуваат како врвен приоритет за сите европски држави и нивната улога во оваа област е особено зајакната.

Мицотакис потенцира дека со шесте земји од Западен Балкан разговарале за начините на кои Грција може да помогне за енергетска независност од рускиот природен гас, но и за можните грчки инвестиции во однос на енергетската транзиција.

Гркиот премиер, воедно, истакна дека во Грција во тек се многу важни инфраструктурни инвестиции, така што земјата станува центар за увоз на течен природен гас, објаснувајќи дека течниот природен гас не само што ќе ги покрие потребите на Грција, туку ќе ќе се насочи и на север, за да ги покрие потребите на Западен Балкан, Бугарија, евентуално Романија, зошто да не и Централна Европа. Исто така, додаде дека во исто време, Грција има водечка улога во енергетската транзиција, особено во обновливите извори на енергија и истакна дека земјата може да биде многу активна во овој вид инвестиции, кои ќе се реализираат на Западен Балкан, со цел земјите да ја спроведат зелената транзиција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *