https://www.facebook.com/photo/?fbid=10158204347357725&set=pb.100044193621427.-2207520000.

28.11.2022 Скопје

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој е во посета на Лондон, ќе оствари средба со кралот Чарлс Трети, и тоа ќе биде нивна прва средба по преземањето на тронот на престолонаследникот во септември годинава.

Претходно остварена средба на Мицотакис со кралот Чарлс беше во декември минатата година во Шкотска, каде меѓу другото, разговарале и за плановите на грчката Влада за обнова на кралската палата Татои во близина на Атина, а кралот Чарлс тогаш изразил голем интерес за овој план и се очекува и на повторната средба обновата на палата одново биде на агендата разговори со Мицотакис.

Кралот Чарлс, минатата година ја посети Атина и присуствуваше на воената парада по повод 200-годишнината од востанието за независност на Грција, која што се одржа во време на карантин и под строги здравствени протоколи поради пандемијата Ковид-19.

Премиерот на Грција Мицотакис и неговата сопруга ќе бидат примени од Кралот Чарлс Трети во кралската резиденција во Виндзор.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *