24.11.2022 Скопје
Гранада е најевтината „сити брејк“ дестинација во Европа. Се наоѓа јужно од Шпанија и претставува една од навистина најпристапните дестинации за туристите. Врз основа на истражување што го имаат спроведено неколку агенции, Гранада е на врвот на листата за патници со ограничен буџет.
Цената е значаен фактор за поголем дел од потенцијалните туристи, а Гранада навистина има што да покаже, има многу бесплатни активности во кои се вклучува и посета на 10 бесплатни музеи.
Гранада има 1011 бесплатни Вај-Фај точки и 143 јавни фонтани, а редовната автобуска карта е една од најевтините во Европа и изнесува 1,40 евра.
Тврдината Алхамбра е главна туристичка точка во Гранада. Спектакуларната тврдина е изворно изградена како ѕидана цитадела, а потоа станала луксузна резиденција на Насридски емири, исто така важна историска атракција во Гранада е катедралата, импозантната градежна структура со готска, ренесансна и барокна архитектура чие градење траело повеќе од 180 години.
Гранада од неодамна е поврзана со поголем дел градовите во Шпанија со нов брз воз, каде патниците можат да тргнат од Мадрид и да стигнат во овој андалузиски град за три часа или четири часа од Севиња.
Подготвено од М.Н.