Image by Freepik

14.11.2022 Скопје

Во предлог-одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, за купување на еколошки превозни средства стои дека Град Скопје во целост ќе ја субвенционира набавката на еколошки превозни средства за ранливите категории на граѓани.

Со оваа одлука, Град Скопје го определува максималниот износ за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, за купување на велосипеди во 2022 година. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување велосипед по лице се утврдува во износ од 100 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 11.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Доделувањето на поединечната субвенција ќе се врши врз основа на доказ дека е извршено купување на нов велосипед од Република Северна Македонија, и тоа со оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 01.01.2022 година се до исцрпувањето на буџетот наменет за доделување на поединечна субвенција на граѓани од социјално ранливи категории на подрачјето на Градот Скопје за купување велосипеди, при што задолжително е велосипедот да е целосно отплатен. Плаќањето на рати не се прифаќа.

Во предлог-одлуката се наведува дека за субвенционирање на граѓани од социјално ранливи категории, жители на градот Скопје, при купување велосипеди обезбедени се финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, во висина од 700.000 денари со вклучен персонален данок на доход. Воедно, денес пред советниците ќе се најде и предлог-одлуката.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author