08.11.2022 Скопје
Според надлежните од Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, главниот град со подигнати 38.539 м2 нови зелени површини, има потенцијал да прерасне во зелен рај.
Покрај подигнувањето на нови зелени површини, според надлежните, со реализација на најавената изградба на мега парковите, со подигнување на нови зелени површини и садници, како и со реконструкции и одржување на постоечкото зеленило и заштита на Водно, зелениот штит на градот, значително ќе се придонесе за повисок квалитет на живот во Скопје.
Како што информираат од ЈП „Паркови и зеленило“, во текот на оваа година извршиле реконструкција на постоечкото зеленило со вкупна површина од 76.769 м2, засадени биле и 724.480 листопадни, зимзелени дрвја и садници и нов сезонски насад, а на 10 паркови локации поставени се нови елементи од дрво, видиковци и реквизити изработени од природни материјали, паркови за миленици и реквизити за деца.
Од ЈП „Паркови и зеленило“, воедно, информираат дека се имплементирани и активности во согласнот со Посебниот план за заштита и уредување на Парк шума Водно, како и за прв пат по цела деценија извршено е темелно чистење и партерно уредување на 126.000 м2 на кејот на Вардар.
Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ соопштуваат дека е започната и изградбата на првиот Мега Парк Даме Груев во општина Ѓорче Петров.
Подготвено од А.Ѓ.