oplavo vo avstralija

15.11.2022 Скопје

Големо невреме со поројни дождови го зафати југоисточниот дел на Австралија со што се зголеми и нивото на водата на браната Вајангла, каде што стотици жители се спасени со чамци и хилихоптери откако водата почна да претекува.

Отсечени се цели градови, поплавени се многу домови, афтопати и фирми и според дадените информации од тамошните медиуми досега се спасени над 67 лица.

Значајните дотоци на вода во браната Вајангла на реката Лахлан предизвикаа додатно излевање на рекордни количества вода, кога во еден момент од браната истекувале дури 230.000 мегалитри дневно.

Тимовите за итни случаи во Нов Јужен Велс користат хилихоптери во спасувачките мисии на луѓе од поривите и во изминатите 24 часа спроведени се над 200 спасувања од поплавите.

Подготвено од М.Н.

About Author