https://www.facebook.com/photo?fbid=680715596747647&set=pcb.680708406748366

10.11.2022 Скопје

Во вечерните часови на Градскиот плоштад во Куманово, ќе се одржи голем концерт по повод 11 Ноември-Денот на ослободувањето на Куманово.

Концертот ќе биде отворен од македонските музички изведувачи Влатко Лозановски Лозано и Некст Тајм, а како ѕвезди на вечерта се најавени Алкета и Барди кои се музички изведувачи од Косово.

Традиционално како и секоја година најавен е и спектакуларен огномет кој се очекува според најавите да започне околу 22.30 часот.

Исто така во 19.30 часот во Уметничката Галерија ќе биде отворена и ликовна изложба каде што ќе бидат изложени дела на дваесетина локални ликовни уметници.

Како дел од прославата, минатата вечер најмладата публика уживаше во настапите на децата учесници на проектот „Дајте музика“, исто така ги забавуваше и сограѓанинот Тајзи, кој се покажа дека е миленик на публиката, и како звезда на вечерта беше младата и атрактивка естрадна уметничка Сара Јо, од соседна Србија.

Прославата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, кај Спомен костурницата од НОБ, каде што делегации ќе положат свежо цвеќе и ќе оддадат почит на загинатите борци.

Воедно и во салата на НУЦК „Трајко Прокопиев“ ќе биде одржана и свечена седница на Советот на Град Куманово, на која ќе биде доделена Ноемвриската награда и благодарници за останатите заслужни граѓани од град Куманово.

Подготвено од М.Н.

About Author