12.11.2022 Скопје
Лидерот на демократите Сали Бериша преку видео порака на социјалните мрежи ги повика граѓаните на што е можно поголема масовност на денешниот протест.
Протестот ќе биде под мотото „Да ја спасиме Албанија“, и ќе започне во 16 часот пред владата во Тирана.
Демократите имале дозвола од полицијата само за два часа времетраење на протестот, но во видеото на Бериша се истакнува дека за времетраењето ќе одлучи народот.
Бериша истакна дека на протестот ќе има обраќање на 20 говорници, меѓу нив е и самиот тој како организатор, а ќе се обрати и Илир Мета.
Полицијата ја подигна готовноста, зголемено е присуството на обезбедувањето околу владата а се најавува дека се ангажирани повеќе од илјада припадници на полицијата од сите сектори.
Подготвено од М.Н.