02.11.2022 Скопје

Актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс доживеа нов пораз откако загуби на гостувањето кај Мајами Хит со 116-109.

Макс Штрус со 24 поени и Џими Батлер со 23 поени беа први имиња во таборот на победникот, додека кај поразените залуден беше трипл-даблот на Стеф Кари (23п. 13а. и 13с.).

Бруклин Нетс, и покрај отказот за Стив Неш, и понатаму не може да ја пронајде формата. Клубот од Њујорк загуби на домашен терен против Чикаго Булс 99-108. Зак Левин со 29 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Кевин Дјурант заврши со 32 поени.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *