21.11.2022 Скопје
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ победи на завршниот марстерс во Торино откако во финалето го совлада противникот од Норвешка, Каспер Руд со 2:0 во сетови 7:5, 6:3.
Ѓоковиќ по шести пат во својата кариера го подигна трофејот на турнирот на најдобрите осум тенисери, кој означува и крај на сезоната.
Тенисерот Новак Ѓоковиќ на листата по бројот на освоени турнири се изедначи со Роџер Федерер, кој од неодамна се пензионираше.
Оваа сезона за српскиот тенисер заврши одлично, а можеше да биде уште подобра доколку му се дозволеше да игра на Австралија Опен и УС Опен.
Ѓоковиќ го освои Вимболдон, на Ролан Гарос стигна до четвртфиналето, а славеше со победа и на мастерсот од серијата 1000 во Рим.
Предходно завршниот мастерс Новак Ѓоковиќ го има освоено во 2008, 2012, 2013, 2014 и 2015 година и тоа еднаш во Шангај и четири пати во Лондон.
Подготвено од М.Н.