18.11.2022 Скопје
Постојаниот владин комитет за вакцини одлучи да не препорачува вакцинирање на мали деца против Ковид-19, освен за оние со претходно одредени постоечки состојби.
Претседателот на комисијата, Роберт Мертенс, изјави дека телото има заклучено дека вакцинацијата против Ковид-19 не треба да се препорачува на деца под четири години без темелно испитување на сите достапни научни докази.
Експертите проценуваат дека за мали деца без одредени здравствени состојби, инфекцијата со вирусот не претставува визок ризик да остави значителна штета. Според Комитетот, достапните податоци за ефективноста на вакцината за оваа група се оскудни и не можат да обезбедат доволна основа за општа препорака.
Мартин Терхард, член на комисијата, објасни дека имале сличен пристап во минатото за другите возрасни групи.
Во октомври, Европската комисија одобри намалени дози на редовните вакцини BioNTech/Pfizer и Moderna за мали деца постари од шест месеци. Германскиот комитет сега ги препорачува овие вакцини за мали деца со состојби кои би можеле да го влошат влијанието на инфекцијата Ковид-19, вклучувајќи ги и децата родени предвреме.
Експертите проценуваат дека околу едно од десет деца од соодветната возрасна група во Германија би биле под овие критериуми.
ФАЗ објави дека сепак, адаптираните дози на вакцини на Модерна за мали деца во моментов не се достапни во Германија.
Подготвено од А.Ѓ.