30.11.2022 Скопје
Претседателот на Германија Валтер Штајнмајер, кој е во дводневна посета на Република Северна Македонија, денеска ќе ја посети Старата скопска чаршија, а во Чифте аман ќе оствари средба со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја”.
Претседателот Штајнмајер во текот на вчерашниот прв ден од неговата официјална посета во Република Северна Македонија, оствари средба со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Република Северна Македонија се наоѓа пред важна одлука, односно дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области.
Штајнмајер изрази уверување дека земјата може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, но дека мора да продолжи со рефорската агенда, и додаде дека за патот кон Европа вреди секој следниот тежок чекор кој што државата треба да го направи.
Ова е прва офиицијална посета на германскиот претседател Валтер Штајнмајер во Република Северна Македонија а од тука ќе замине во официјална посета на Албанија.
Подготвено од М.Н.