02.11.2022 Скопје
Рајнер Дулгер, претседател на Сојузот на германските здруженија на работодавачи, изјави дека на Германија и треба голема социјална реформа, како онаа што се случи по обединувањето, предупредувајќи дека пензискиот систем е пред колапс.
Дулгер истакна дека како што функционираат нивните системи за социјално осигурување денес, тие нема да можат да работат во следните пет години, затоа што трошоците ќе експлодираат.
Првиот човек на Здружението на работодавачи тврди дека потребна е итна реорганизација на пензискиот систем бидејќи неговото финансирање е пред колапс. Тој, конкретно, предлага ново зголемување на старосната граница за пензионирање.
Според сегашните планови на владејачката коалиција, на 1 јануари 2023 година основниот приход ќе го замени сегашниот систем Харц IV, социјална помош уште од времето на владата на Герхард Шредер. Харц IV од Нова година ќе се преименува во пари за граѓаните. Оваа помош ќе биде за околу 50 евра повисока од претходните месечни исплати.
Подготвено од А.Ѓ.