https://www.facebook.com/photo.php?fbid=560982769364476&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

03.11.2022 Скопје

Денеска, на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство.

Пред почетокот на Самитот, кој се одржува во Берлин, премиерот Димитар Ковачевски беше пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во 2014 година се одржа првиот Самит за Западен Балкан во Берлин, а целта на годинешниот Самит е да се интензивира соработката и регионалната поврзаност помеѓу земјите од Западен Балкан.

Лидерите од Западен Балкан заедно со претставниците на Владите од земјите од ЕУ, Обединетото Кралство и претставници на Европската комисија ќе имаат можност да дискутираат за регионалната соработка и заеднички регионални пазари, за енергетска стабилност и трансформација, како и за перспективите на Берлинскиот процес и стратешките прашања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author