04.11.2022 Скопје
Истражувањето на институтот ИФО покажува дека деловните очекувања во германската автомобилска индустрија „потонаа“ во октомври, при што показателот за очекуваниот иден бизнис падна на минус 35,3 поени од минус 6,3 поени.
Оливер Фалк, директор на Центарот за индустриска организација и нови технологии на Институтот во Минхен, истакна дека загриженоста за падот на побарувачката врши притисок врз производителите на автомобили и нивните добавувачи.
На пример, показателите за нарачки на производители и побарувачка, кои изнесуваат минус 26,2 поени и минус 38,1 поени, соодветно, се пониски од септември. Во индустријата во целина, тековниот деловен рејтинг исто така е намален, но благо, од минус 5,1 поени на минус 5,7 поени.
Состојбата со добавувачите дополнително се влоши. Попесимистичка е нивната оценка за состојбата со заработката во втората половина на 2022 година, која падна на минус 31 поен во однос на минус 26,4 поени во првата половина од годината.
Подготвено од А.Ѓ.