21.11.2022 Скопје
Здружението на фармацевти на Северна Рајна-Вестфалија информира дека аптеките во Германија се соочуваат со недостиг на лекови чие производство зависи од увозот на суровини од Азија.
Претседателот на Здружението на фармацевти на Северна Рајна-Вестфалија, Томас Преис, истакна дека ситуацијата е лоша, но наредната година може уште да се влоши, бидејќи голем предизвик е кога станува збор за непречено снабдување на лекови.
Кога испораката во Азија нема да успее или има прекин во транспортот на контејнери, тоа веднаш се чувствува во аптеките во Германија, и со цел да се заштеди што е можно повеќе, локалните фармацевтски компании сè повеќе го преместуваат производството во Азија.
Сојузниот институт за лекови и медицински производи соопшти дека во моментов добиле околу 300 пријави за лекови кои доцнеле во испораката, а недостигот првенствено се однесувал на некои детски сирупи за треска, лекови за кашлица и лекови за намалување на крвниот притисок.
Поради актуелниот проблем за недостигот на лекови се отвори дискусија и за потребата од враќање на производството на лекови во Германија, бидејќи така ќе биде избегната поголема штета на финансискиот притисок врз здравствениот систем во Германија.
Подготвено од М.Н.