25.11.2022 Скопје
Денеска во Берлин шефовите на владите на Франција Елизабета Борн, и на Германија Олаф Шолц, потпишаа договор за заемна помош за „гаранција за снабдување со енергија” во време кога цените ќе растат.
Планирани се конкретни мерки, Франција да и помогне на Германија да ја намали зависноста од рускиот гас преку снабдување со сино гориво, а Германија ќе ја поддржи Франција да го обезбеди снабдувањето со електрична енергија во зима.
По 42 години, Франција е увозник на електрична енергија поради ниското ниво на производство на електрична енергија од нуклеарните централи.
Од 1981 година, Франција отсекогаш била извозник на електрична енергија за своите соседи, делумно благодарение на нејзината нуклеарна енергија, која обезбедува над 60 проценти од производството на електрична енергија. Но од почетокот на оваа година, Франција увезува повеќе електрична енергија отколку што извезува, при што речиси половина од нејзините нуклеарни централи не работат поради планираното.
Договорот кој е потпишан во Берлин ги формализира напорите што Германија ги прави од средината на ноември за да го максимизира капацитетот за интерконекција кој што е достапен на пазарот.
Подготвено од М.Н.