https://www.facebook.com/ArabNews/photos/basw.Aboe50bLtojy_vlNCZwJ-okI2PF4XVS4p_hPLtmpVJ_TehyU0SGzMd5zLNkVZIARd37c5c3y3tSoSIDNz6SmJcRIEwTjOcAM7T1J78fPSTV-nDtJ8V6i3lQ_dUcKh5Q6xZE/10160930463027125/?opaqueCursor=AbrPq7nxibfFD9BdrP8UtkclpEXF6vmG52pwLx1Ni1DdGEPVfJX0E4X8nzAK8a9nyOMPdtH326T2XCxQoOPB7hgMyn48IyodZmR8BeqmSpe--m0mHTOLljax-plydSgotVF3DUgex2k2WTqlVZxAk91xLYIwwdFoGG6ovbeU_MZ3_nTZCVWO0svoijVaakCPj7LQUq0ToPMQ3MleRABERAAR_N9ZP2BUbAzYjfncVBq7k4krD-1X3RDyyZpn-yiS72HIgRR04-DzjQdLXUdqtHlm9P5MC1v94zoJWDLZ7P5RLX8xrrTUMIbPLXOawaeva01t0aG4eKDYPgfM6fmNLzVwaZ4egd8aJt4nm0crE-Dt2cLdaBwOJD2pvlFO4cMsWxO-_EYCWzeuCl5d2QkvlI2TIoBm-GO58DoAek1cwDgegJ_8q42FXUVWonl_leGTlO__d1CwSaj6-45JxXRK9iJWFxdidIu_I7rpHgeJpfvIj6lt2pm7GJ6FSDLyFEs_2Rni4qcihUWY8cvq50brfxjw_e06H5uoieY_7fFYrZpLuEyqCyDbeGJqwzgbTnxgVdU5AhcB1O55rlKFw_PZRqBjv1XjQQhoFJIJ42e_2WN8QpSKRPwIjaaMAP8HuzW_1NXbcOjNruc_9UC544Ouhp6Mn1fVi2z47i3BLv9gBubi21av2S24OQsRCMOztzJrgE1DRhCFJzQoJL9CoZSvNU7KcLv8cdvif4yoPF5ks5HBoI7sgePFfg--FEfXDIFWPNTLAKLrRGUT1tDD0kJ9dvBQ7WFfBQgyiZY1rUqZedZ7bYcaTpiOgRvaJEVSmm6OIbRobnPveBSGd-tHiVzNcJvTeMqe_0pEXKmq9oDjQzAnOu4wAS_Eev5PgM9AYDK2B258nV6zpgagJCdGhqBjWgnufIeIownaxvbpRug5iOvX1N0P1MTU4_lNQqOYh3DnjnKDKrWwNpcqwIEU1nkdvBIe0YbXW61spD8iOFSn6RkFcYl7UgdGFpEkN5nM16Ipp88P8arC9TDmLX-ts3zGRo66d4eCPpRHsuzASuTJBgMdA8HIGpnMP2cFxP_j9glBrcufL-N37lWC_KTeq5nwbu1sU6iVGkjafgnPdCOH_auECinZQLO2CnoAnKcI3B7Xx8c

05.11.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, министрите за надворешни работи на земите од Групата седум индустриски најразвиени држави (Г7) соопштија дека ќе има сериозни последици доколку Русија употреби нуклеарно, хемиско или биолошко оружје.

Во заедничката изјава на министрите стои дека неодговорната нуклеарна реторика на Русија е неприфатлива, повикувајќи ја Москва да стави крај на војната во Украина.

На крајот од дводневната средба во Германија, министрите истакнаа дека на состанокот воспоставиле механизам за координација на Г7 за да и помогнат на Украина да ја поправи, обнови и заштити својата критична енергетска и водна инфраструктура.

Министрите потенцираа дека цврсто ќе ја поддржат Украина, колку што е потребно, додавајќи дека земјите од Г7 се обврзале да и помогнат на Украина оваа зима.

Г7 повика и на мирно решавање на споровите во Тајванскиот Теснец и ја потсети Кина да се воздржи од закани или употреба на сила.

Групата седум најбогати демократии, исто така, соопшти дека ќе продолжи да го поставува пред Кина прашањето за пријавените прекршувања на човековите права во земјата, вклучително и во автономниот регион Синџијанг Ујгур и Тибет. Тие истакнаа дека ќе продолжат да бараат конструктивна соработка со Кина и дека нема промена во нивните основни позиции за Тајван, вклучително и наведената политика за една Кина.

Земјите од Г7 ги осудија активностите на руската платеничка компанија „Вагнер” во Мали и на други места во Африка, каде нејзини борци се обвинети за кршење на човековите права.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author