https://www.facebook.com/photo.php?fbid=695948328553753&set=pb.100044157757824.-2207520000.&type=3

16.11.2022 Скопје

Заедничката декларација на групата водечки светски економии Г-20 денес е усвоена на дводневниот самит на Бали, која содржи многу остра реторика за руската инвазија врз Украина.

И покрај големите разлики, декларацијата била усвоена од сите земји на Г-20, и во текстот рускиот напад врз соседот се нарекува „војна“, а не „специјална воена операција”, како што бараше рускиот претседател Владимир Путин.

Москва на самитот ја претставуваше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, кој си замина од Бали, неколку часа пред да биде усвоена конечната декларација.

Поради неодамнешната руска анексија на четири украински региони, исто така предизвика загриженост дека Путин би можел да распореди нуклеарно оружје на териториите во Украина, со што лидерите на Г-20 исто така издадоа јасно предупредување за нуклеарна војна.

Лидерите на Г20 нагласија дека се длабоко загрижени за глобалната безбедност на храната и го поддржуваат продолжувањето на договорот за извоз на жито, чија цел е да се обезбеди испорака од Украина, и ветија дека ќе ги зголемат напорите за климатските промени бидејќи тие се одговорни за голем процент од глобалните емисии на јаглерод диоксид.

Пред почетокот на самитот, преговарачите не беа сигурни дека земјите ќе успеат да договорат заедничка декларација, бидејќи има многу поделби меѓу членките на самитот околу иннвазијата врз Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author