03.11.2022 Скопје
АД „Пошта на Република Северна Македонија” соопшти дека поради одржување и надградување, а со цел подобрување на работењето, компјутерскиот систем во единиците на поштенската мрежа работи со намален капацитет и брзина, но во ниту еден момент нема да има прекин во доставата на поштенски пратки.
Во соопштението на АД „Пошта на Република Северна Македонија“ се наведува дека продолжуваат посветено да работат во интерес на нивните корисници, заблагодарувајќи се на поддршката и разбирањето и се надеваат дека во полн капацитет ќе ги користат услугите на АД „Пошта на Република Северна Македонија“.
Подготвено од А.Ѓ.