16.11.2022 Скопје
Советниците на Советот на Општина Центар на 16-тата седница одлучија околу 14.000 жители од социјално ранливите категории од општина Центар да добијат финансиска помош, со цел да им се подобрат животните услови во моменталната економска криза.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, изјави дека во овој тежок период, кога сите се соочуваме со последиците од поскапувањата предизвикани од целокупната економска состојба, Општина Центар повторно успеа да излезе во пресрет на највозрасните и според него, ова можеби најмногу им го должат на оние кои се најзаслужни за тоа каде се денес.
За новата програмска активност „Поддршка на повозрасните граѓани – пензионери во социјален ризик” од Буџетот на општината се издвоени 3.300.000,00 денари и овие средства се наменети за примателите на најниски пензии за да им се помогне во услови на зголемени животни трошоци.
По претходно доставената документација на увид, финансиските средства за оваа група граѓани ќе бидат префрлени на нивните трансакциски сметки.
Подготвено од А.Ѓ.