https://twitter.com/sportbible/status/1589600698714685440/photo/1

07.11.2022 Скопје

Се шпекулираше дека Ливерпул може да ја смени сопственичката структура, што клупските челници го демантираа, но очигледно не станува збор за приказни.

„Фенвеј Спортс Груп“ е во сопственост на Џон В. Хенри, кој беше еден од двајцата основачи заедно со претседателот Том Вернер.

Минатата година, групата продаде 11 отсто од акциите на РедБрд Капитал Партнерс за 750 милиони долари. „РедБрд“ неодамна стана мнозински сопственик на италијанскиот шампион Милан.

„Атлетик“ пишува дека е подготвена комплетна продажна презентација за заинтересираните страни. ФСГ разгледуваше различни опции во минатото, но одлучи да не оди напред. Не е јасно дали на крајот ќе се постигне договор или не, но ФСГ чека понуди. Голдман Сакс и Морган Стенли се задржани за да помогнат во процесот на продажба.

Претходно имаше изјави дека под соодветни услови ќе се размислува за нови акционери доколку тоа е во најдобар интерес на Ливерпул како клуб. ФСГ останува целосно посветен на успехот на Ливерпул, како на теренот, така и надвор од него.

ФСГ го презеде Ливерпул во октомври 2010 година, купувајќи го клубот од американските сопственици Џорџ Џилет Јуниор и Том Хикс. Го трансформираа клубот, Јирген Клоп ја презеде менаџерската функција, ја освоија првата титула во Премиер лигата, како и бројни други трофеи, како и една титула во Лига на шампиони од три финалиња. Исто така, го трансформираа и „Енфилд“ со нова главна трибина, вложени се 110 милиони фунти, додека тековното реновирање на трибината на Енфилд Роуд чини 80 милиони, а новиот објект за подготовки во Киркби вреди 50 милиони фунти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author