30.11.2022 Скопје
Голем број луѓе кај нас и во светот страдаат поради сообраќајни несреќи во кои учествуваат возачи под дејство на алкохол, бидејќи многу возачи мислат дека се подготвени да возат половина час или час по пиењето, но тоа воопшто не е точен податок.
Влијанието на алкохолот зависи од полот, возраста, метаболизмот, телесната тежина на оној што го пие, видот на алкохолот, од тоа што сте јаделе пред да пиете.
Британска организација за безбедност на патиштата „Road Respect“ има направено анализа за консумирањето алкохол и способноста за возење, и има издадено препораки за тоа колку долго треба да се чека по пиењето, односно колку долго алкохолот останува во организмот.
Чаша вино содржи (13,5 отсто алкохол), еден пијалак – 3,5 часа, два пијалаци – 7 часа, три пијалаци – 10,5 часа, четири пијалаци – 14 часа и пет пијалаци – 17,5 часа.
Чаша жесток пијалак содржи (40 осто алкохол), еден пијалак – 1,5 часа, два пијалаци – 3 часа, три пијалаци – 4,5 часа, четири пијалаци – 6 часа, пет пијалаци – 7,5 часа.
Пивото содржи (5 отсто алкохол), еден пијалак – 2,5 часа, два пијалаци – 5 часа, три пијалаци – 7,5 часа, четири пијалaци – 10 часа, пет пијалаци – 12,5 часа.
Обидете се да се држите до овие совети, првенствено поради вашата безбедност но и поради безбедноста на сите учесници во сообраќајот и пошироко.
Подготвено од М.Н.