08.11.2022 Скопје
Денеска, Европскиот суд за човекови права пресуди против Романија во врска со враќањето на имотот национализиран од поранешниот комунистички режим, оценувајќи дека тоа не се спроведува доволно ефикасно.
Според Европскиот суд за човекови права, иако Романија во 2013 година донесе нов закон за да овозможи враќање или исплата на отштета за национализиран имот, механизмот за враќање и понатаму не е доволно оперативен и хомоген.
Во 2017 година до судот се обратија 53 државјани на Романија, кои добија конечна судска одлука за враќање одземен имот или надоместок за истиот, но и покрај тоа, тие не добиле враќање на сопственоста или доволен надомест.
Европскиот суд за човекови права пресуди Романија да им исплати отштета на тужителите до 10.000 евра за морална штета.
Подготвено од А.Ѓ.