https://www.flickr.com/photos/adamblang/181736168/in/photolist-h4rQd-6nFFQF-Vnei2z-qMkn2G-g6dSrU-63MwQZ-VnekyP-V7LcYy-6ySFML-U7gKzg-6ySFHQ-67bU8A-Vnem8z-VnepMZ-Vnek2r-2im6FMG-VneicV-h4rLP-V7L7Z5-V7L8fW-Vneimc-VnejKV-V7L8uJ-U7gRv4-V7Ld4U-6yNAXx-VnejSP-V9eZLe-VnepGD-6Cmd6F-HDJAE2-VnemgF-Vneqtt-Vhqcem-6ySFtA-6ySFv1-2kypkJs-V7LbD9-V6rTAJ-6yNB86-z291B4-2kkzzFJ-75TiLK-V7Ldiw-V9eZdk-2kyk7nB-U7gMxV-VneokR-6ySFy9-7Abfdb

23.11.2022 Скопје

Европскиот парламент на седницата денес даде предлог за усвојување на резолуција за најновите случувања во руската брутална и агресивна војна против Украина.

Претставниците истакнаа дека намерните напади и злосторства извршени од страна на руските сили и нивните агенти врз цивилите во Украина, како и уништувањето на цивилната инфраструктура и сериозните прекршувања на меѓународното и хуманитарното право претставуваат акти на тероризам и воени злосторства.

Пратениците на Европскиот парламент ја сметаат Русија за „држава спонзор на тероризмот“, но во моментов не може официјално да се прогласи како таква бидејќи нема соодветна правна рамка за тоа.

Европскиот парламент даде предлог да биде донесена таква мерка, и тој предлог ќе биде доставен до Советот на разгледување, за да има можност да се додаде Русија на таквата листа на држави кои го спонзорираат тероризмот.

Ова би предизвикало силни рестриктивни мерки против Москва и би имало значителни рестриктивни последици врз односите на ЕУ со Русија.  Во меѓувреме пратениците од Советот исто така побараа да ги стави руските специјални единици како и други вооружени групи кои се финансирани од Русија, на списокот на терористи на ЕУ.

Подготвено од М.Н.

About Author