10.11.2022 Скопје
На денешната пленарна седница, Европскиот парламент со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната, а сега е потребна одлука на Советот на Европската унија за конечна потврда.
Пратениците го изгласаа мислењето на Европскиот парламент за предлог-одлуката на Советот на ЕУ за прием на Хрватска во Шенген зоната. Гласаа 612 пратеници, од кои 534 беа „ЗА“, 53 беа „ПРОТИВ“, а 25 беа „ВОЗДРЖАНИ“. Со ова гласање заврши улогата на Европскиот парламент во процесот на влез на Хрватска во Шенген зоната.
Во соопштението од Европскиот парламент се наведува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во Шенген зоната и нема пречки да стане полноправна членка на таа зона без контроли на внатрешните граници.
На состанокот на 9 декември, 22-те земји-членки на ЕУ, исто така членки и на Шенген зоната, ќе ја донесат конечната одлука.
Подготвено од А.Ѓ.