https://www.facebook.com/photo.php?fbid=521978106609793&set=pb.100063928230945.-2207520000.&type=3

17.11.2022 Скопје

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, отворајќи ја денешната дебата „Зелена агенда – обновливи ресурси, македонска храна, европски пазар”, порача дека целта е јасна, реформите мора да продолжат и секоја институција треба да биде на ниво на задачата, особено законодавниот дом, затоа што евроинтеграцијата е државен и тимски процес.

Маричиќ потенцира дека обврската што ја преземаат како Влада е тешка, но свесни се која им е целта – развој, просперитет, европска економија, европски пазари и европски животен стандард за граѓаните до крајот на 2030 година, амбициозна, но достижна цел која само бара посветеност и ангажман на сите општествени чинители, истакнувајќи дека тоа не е само обврска кон ЕУ и преговорите за членство, туку е и нивна должност како Влада и обврска кон граѓаните.

Според вицепремиерот за европски прашања Маричиќ, сите поглавја од преговорите се важни, но двата кластера, за зелена агенда и за земјоделството се посебно значајни, посебно во овие услови на криза.

Вицепремиерот повтори дека Извештајот на ЕК за годинава покажа добро ниво на подготвеност што е дополнителна обврска не само да се зборува за постигнатиот прогрес, туку и за сите нотирани слабости.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *