14.11.2022 Скопје
Денеска, туниските власти соопштија дека африканската земја ќе добие 100 милиони евра од Европската унија за помош на националниот буџет.
Во соопштението на туниското Министерство за економија и планирање стои дека парите ќе бидат искористени за ублажување на последиците од пандемијата на корона вирусот и поддршка на економијата.
Како што пишуваат светските медиуми, договорот ќе биде потпишан на 14 ноември.
Претходно овој месец, северноафриканската земја постигна прелиминарен договор со Меѓународниот монетарен фонд за пакет помош од 1,9 милијарди долари, кој би можел да биде финализиран во декември.
Подготвено од А.Ѓ.