https://www.facebook.com/abaerbock/photos/pcb.3396662953946519/3396662450613236/

10.11.2022 Скопје

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека Европската унија следната недела ќе се обиде да усвои нови санкции против Иран, како одговор на насилството на властите во оваа исламска теократска земја врз учесниците на масовните протести што беа предизвикани од смртта на младата Махса Амини, во притвор на иранската полиција за морал.

Според Баербок, постои желба санкциите да бидат усвоени следната недела, а моментално работат на следниот пакет санкции.

На 13 септември беше привидена Амини (12) поради неправилно носење на хиџабот-шамија, што според строгите религиозни прописи, Иранките мора да ја носат над главата, покривајќи ја целата коса.

На 16 септември, Амини починала во притвор, а нејзините родители сметаат дека тоа е последица на тепањето кое иранските власти го негирале.

Нејзината смрт предизвика масовни протести, кои се уште траат и се меѓу најголемите со кои се соочува Иран од Исламската револуција во 1979 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author