13.11.2022 Скопје
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја повика Кина да ги искористи сите средства за да ја убеди Русија да го почитува меѓународното право, и тоа на само неколку дена пред самитот на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земји во развој (Г20) посветен на конфликтот во Украина.
Шарл Мишел престојува во Пном Пен, каде денеска и утре ќе учествува на самитот на лидери на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) а потоа ќе отпатува на индонезискиот остров Бали на самитот на Г-20, на кој ќе присуствува и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари, лидерите на ЕУ неколкупати ја повикаа Кина јавно да ги осуди постапките на Русија, но засега без успех, и поради тоа Мишел истакна дека е потребна соработка со земји кои имаат различни политички ставови, и да веруваат дека меѓународното право треба да биде заштитено.
Подготвено од М.Н.