https://www.flickr.com/photos/charles79/19307193394/in/photolist-CcWcdC-24voaYe-2dJ2GST-CcWc3N-54s6XC-2dJ2GVD-2gEhBTv-2gEhC4L-RmuZvk-7m7FSz-2e1XwyG-YehrBC-YehrVy-2gEidDy-8ZTr4r-2dJ2GTV-RmuZw2-RmuZtr-RmuZu8-6Nwit8-n8q9qn-2gEhD7h-n8q15M-n8rXhN-6iK7UW-n8rXrW-7o31No-dnHW4Z-CVxWyR-2e1XwzU-2gEhwHa-99exp3-aSnWaZ-9T2tiP-2itWi8e-vq7pWJ-NNzUkV-Fwzgv-8ahkvx-bRRxfH-5HXAaY-2nZNvY2-2nZLacY-2nZR5wP-2nZQXsy-2nZPMY4-2nZLaeS-2nZR5wZ-2nZRhin-2o12Jzp

30.11.2022 Скопје

Бидејќи Будимпешта не ги исполнува своите обврски за исполнување на европското владеење на правото, Европската комисија донесе одлука во која се препорачува, 13 милијарди евра од фондовите на ЕУ наменети за Унгарија да бидат замрзнати.

Според Европската комисија, Унгарија не успеала во исполнувањето на ветените реформи за да обезбеди фер судски систем кога станува збор за одлуките на обвинителството.

Според некои експерти се претпоставува дека овие санкции од страна на Европската комисија кон Унгарија се поради одлуката на Унгарија за оспорувањето на влезот во НАТО на Украина.

Земјите-членки на Европската унија ќе имаат рок до 19 декември да гласаат дали да ја поддржат, отфрлат или променат препораката на Европската комисија.

Подготвено од М.Н.

About Author