https://cdn.pixabay.com/photo/2018/08/09/20/11/belgium-3595351_960_720.jpg

08.11.2022 Скопје

Дигиталните платформи како букинг.ком или Аирбнб доживуваат голем успех, но носат и проблеми за локалните заедници, а еден од нив е недостатокот на станови за долгорочно изнајмување по пристапни цени.

Европската комисија предложи регулатива насочена кон зголемување на транспарентноста во областа на краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, кои сочинуваат четвртина од целото туристичко сместување во ЕУ.

Извршната потпретседателка на Комисијата, Маргрете Вестагер, изјави дека секторот за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети е воден од економијата на платформата, но тој не се развива доволно транспарентно и со овој предлог, им се олеснува на сопствениците и платформите да придонесат за поголема транспарентност во секторот.

Новата регулатива треба да ја реши актуелната фрагментација на начинот на кој интернет платформите разменуваат податоци и да помогне да се спречат нелегалните понуди на сместувачки единици.

Предлогот за регулатива за зголемување на транспарентноста во оваа област треба да им помогне на јавните власти да обезбедат рамномерен развој на оваа активност како дел од одржливиот туристички сектор.

Новите правила треба да го подобрат собирањето и размената на податоци од сопствениците и онлајн платформите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author