https://www.aa.com.tr/en/europe/unstoppable-open-balkan-initiative-promises-great-steps-for-region-say-leaders/2609089

25.11.2022 Скопје

Европскиот парламент им препорача на повисоките тела на Европска Унија да бидат резервирани кон иницијативата Отворен Балкан, што ја покренаа политичките лидери на Србија, Албанија и Северна Македонија.

Од Европскиот парламент се наведува дека претставниците на ЕУ треба да изразат силна резервираност во однос на секоја иницијатива за регионална економска соработка која не ги вклучува сите шест земји од Западен Балкан и не се заснова на правилата на ЕУ, како што е иницијативата „Отворен Балкан”.

Некои српски медиуми изјавуваат дека оваа задршка на „Отворен Балкан“, не е изненадување со оглед на тоа што другите европски институции постојано повторуваат дека регионалните иницијативи мора да бидат инклузивни и прилагодени според европските правила.

Уште една причина за оваа одлука на Европскиот Парламент се претпоставува дека е замерката што европските парламентарци ја имаат до Србија, и покрај повикот за продолжување на пристапните преговори со Србија само доколку земјата се усогласи со санкциите на ЕУ кон Русија и постигне значителен напредок во реформите поврзани со ЕУ, како и повикот Србија да се усогласи со рестриктивните мерки и општата политика кон Русија, да покаже напредок во демократијата и владеењето на правото и ги прифати вредностите и приоритетите на ЕУ, Европскиот Парламент донесе одлука и да се преиспитаат сите средства на ЕУ наменети за Србија.

Подготвено од М.Н.

About Author